CSRD Prizma

Centre for Social Research and Development

Доживотно учење

ЦСРД Призма беше вклучена во програмата Доживотно учење, имплементирана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Претставник од ЦСРД Призма учествуваше во студиска посета „Постарите работници во компании и на пазарот на трудот“ во Келн, Германија, од 12 до 16 мај 2014 година, во организација на Германската конфедерација на синдикати (Deutscher Gewerkschaftsbund – DGB NRW) и Здружението на германски центри за образование на возрасни (Volkshochschule – VHS).

Информации за студиската посета:
Поради демографските промени, потребни се нови модели за развој на човечките ресурси и работните структури, со цел да се справат со возраста и здравствената состојба на вработените.
Исто така, треба да се имаат предвид постоечките квалификации и иновативната способност на компаниите. На пазарот на трудот, постарите работници имаат значителни проблеми во наоѓањето нова работа. Оттаму, постојат нови предизвици за вработените, компаниите, социјалните партнери и политичарите.

Студиската посета придонесе за подобрување на знаењето за:
• улогата на социјалните партнери во доживотното учење на постарите работници;
• моделите за создавање на балансирана старосна структура и иновативни вештини во компаниите;
• модели за трудовата и кадровската политика кои се занимаваат со процесите на демографска промена во компаниите;
• активна политика за вработување и развој на нови полиња на активност за постарите работници.