Во периодот јануари – март 2017 го реализиравме проектот „Мониторинг на општинскиот акционен план за социјална заштита во општина Куманово“.
Истражувањето беше активност во рамки на ИПА проектот „Промовирање на социјалната инклузија преку ефективно искористување на средствата од ЕУ“ спроведен од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и партнерите на проектот Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) и Организација на жените на општина Свети Николе (OWSN).
Активностите опфатија деск-истражување, спроведување на интервјуа со вработените кои работат во секторот за социјална заштита во општина Куманово и интервјуа со претставници од локалните граѓански организации.
Една од активностите беше студиската посета на Љубљана, со цел истражувачите да се запознаат со системот на социјална заштита во Словенија, како придонес за препораките во извештајот од истражувањето.
Наодите се претставени во извештајот подготвен од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС).
http://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2017/03/WEB-Збирка-на-мониторинг-извештаи.pdf
(страници 24 – 38)